ОБВИНИТЕЛИТЕ ОД СЈО СЕ ВРАЌААТ ОД КАДЕ ШТО ДОШЛЕ, СЕКОЈ ОД НИВ МОЖЕ ДА ВОДИ ПРЕДМЕТИ, ВЕЛИ ЗАЕВ

    ОБВИНИТЕЛИТЕ ОД СЈО СЕ ВРАЌААТ ОД КАДЕ ШТО ДОШЛЕ, СЕКОЈ ОД НИВ МОЖЕ ДА ВОДИ ПРЕДМЕТИ, ВЕЛИ ЗАЕВОбвинителите од СЈО пристигнуваат на прес-конференција за аферата „Рекет“ на 16 јули (Фото: К. Попов)

    Премиерот Зоран Заев кажа дека иднината на предметите на СЈО е осигурана, а осигурана е иднината на обвинителите кои досега работеа во СЈО. Како што кажа Заев на прес-конференцијата за неуспешната лидерска средба во Собранието, 10-те обвинители од СЈО се враќаат од каде што дошле во Јавното обвинителство и секој од нив потенцијално може да води некој од предметите на СЈО, кои, според Заев, веќе се предаваат во редовното обвинителство.

    „Иднината на предметите и осигурана, иднината на обвинителите е осигурана. Предметите се предаваат во Јавното обвинителство кај државниот обвинител и тој ќе ги распореди. Обвинители од СЈО, 10-те кои беа таму се враќаат секаде од каде што дошле. Секој од нив е потенцијален да води предмети. Решение има за сѐ. Може платите нема да им бидат какви што им биле досега, но нивната иднина е обезбедена“, рече Заев.

    Од СЈО вчера соопштија дека се загрижени поради фактот што до овој момент ниту е избран јавен обвинител кој ќе ја замени притворената специјална обвинителка Катица Јанева, ниту пак е донесено ново законско решение со кое што ќе се регулира статусот на ова обвинителство.

    „Отсуството на регулатива за тоа што ќе се случува со вработените, тековните обврски, архивата и материјалите со кои располага Обвинителството, во ситуација кога нема раководно лице на институцијата, ќе доведе до реални проблеми во остварувањето на правата од работен однос на вработените лица и намирување на обврските на институцијата, а воедно ќе отсуствува и контрола на спроведувањето на безбедносните процедури поврзани со сите материјали со кои располага Обвинителството“, се вели во соопштението на СЈО.

    Синоќешната лидерска средба за новиот Закон за јавно обвинителство траеше седум часа во Собранието и заврши без договор.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира