ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР ЗА 20-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ КОЈ ИСТЕПАЛ И ТЕШКО ПОВРЕДИЛ ТРИ ДЕЦА

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР ЗА 20-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ КОЈ ИСТЕПАЛ И ТЕШКО ПОВРЕДИЛ ТРИ ДЕЦАНасилникот пред средно училиште и кафе-бар во Кисела Вода едноподруго истепал три 15-годишни деца. (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство Скопје побара притвор за 20-годишен скопјанец кој на 9 септември истепал 3 деца. Осомничен е за кривично дело Насилство.

    Како што соопшти Обвинителството, на 9 септември, пред средно училиште и кафе-бар во Кисела Вода, тој едноподруго истепал три 15-годишни деца. Додека едно од деца седело во кафе-барот заедно со неговите соученици, насилникот влегол заедно со уште две непознати лица, го фатил детето за вратот и насилно го извадил надвор. Давејќи го за врат го однел до подземни гаражи во непосредна близина и со тупаница го удрил по лицето, и тешко го повредил – детето има фрактура на два предни заба, набиеници на усните и потрес на мозокот. Потоа, во придружба на другите две лица влегол во дворот училиштето, се приближил до уште две деца и ги повредил удирајќи ги со шлаканици и со тупаница. Од насилството се исплашиле и присутните ученици и други сведоци на настанот.

    „Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, постои основан страв дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе стори кривично дело со кое се заканува, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, велат од Обвинителството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира