ОБВИНИТЕЛСТВОТО ИМА СОЗНАНИЈА ЗА ЗАКАНИТЕ ПО ЖИВОТ ЗА ВОЗАЧОТ НА АВТОБУСОТ ШТО СЕ ПРЕВРТЕ КАЈ ЛАСКАРЦИ

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ИМА СОЗНАНИЈА ЗА ЗАКАНИТЕ ПО ЖИВОТ ЗА ВОЗАЧОТ НА АВТОБУСОТ ШТО СЕ ПРЕВРТЕ КАЈ ЛАСКАРЦИ„Обвинителството сѐ уште нема докази кој ја има одговорноста во врска со конкретна несреќа, и не може конкретно да ја посочи вината кон одредени лица“, рече Јовевски (Фото: К. Попов)

    Јавниот обвинител Љубомир Јовевски рече дека во Основното јавно обвинителство постојат сознанија за заканите за живот и следење на возачот кој го возеше автобусот во сообраќајната несреќа на 13 февруари кај Ласкарци, во која загинаа 15 луѓе. Изминативе неколку дена на социјалните мрежи се појавија реакции од граѓаните во кои се апелира семејството на возачот да биде оставено на мира.

    Возачот на автобусот М.Т. (49) од Гостивар, утредента по несреќата беше пуштен на домашно лекување.

    Директорот на болницата „8 Септември“ Кристијан Костов тогаш кажа дека возачот бил примен истата вечер, по извршените прегледи му биле констатирани телесни повреди и бил пуштен на домашно лекување. Возачот кога бил примен во болницата бил во свесна состојба и дал изјава на полиција и јавен обвинител.

    „Постои такво сознание во обвинителството и јас би апелирал во тој дел да се почитува презумпцијата на невиност. Во Обвинителството преземени се повеќе мерки, во моментов се вршат вештачења во делот на тој предмет, се испитуваат и сведоци во делот на незгодата и причини и евентуалната кривична одговорност на сторителот или сторителите. Обвинителството сè уште нема докази кој ја има одговорноста во врска со конкретна несреќа, и не може конкретно да ја посочи вината кон одредени лица“, рече Јовевски.

    Јавниот обвинител кажа дека дел од материјалите се обезбедни од превозникот, возачот еднаш бил сослушан, и ако има потреба повторно ќе биде сослушан.

    „Апелирам да се почитува приватноста на возачот кој во оваа фаза нема процесно својство. Според информациите од колегите од ОЈО, тој постојано е мета на следење и му се нарушува приватноста. Сепак, човекот и помеѓу другото жртва во таа несреќа и затоа повикувам да бидеме хумани“, рече обвинителот Бобан Лазаревски.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира