ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ГИ ИСТРАЖУВА ЗЛОУПОТРЕБИТЕ ВО АНТИКОРУПЦИСКА ШТО ГИ ОТКРИ САКАМДАКАЖАМ.МК

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ГИ ИСТРАЖУВА ЗЛОУПОТРЕБИТЕ ВО АНТИКОРУПЦИСКА ШТО ГИ ОТКРИ САКАМДАКАЖАМ.МКВо ревизорскиот извештај на УЈП како ненаменско трошење на буџетски пари се посочуваат и трошоци за ручеци и вечери во ресторани кои членови на Комисијата ги правеле при патување во странство, како и трошоци за изнајмување на стан. - Од седница на Антикорупциската комисија (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас ​за трошењето на буџетски средства од страна на членовите на Државната комисија за спречување на корупција, соопшти Јавното обвинителство.

    ОЈО реагира по серијалот објави на САКАМДАКАЖАМ.МК за ревизијата на УЈП, која откри дека членови на Антикорупциската комисија ненаменски трошеле буџетски средства.

    Обвинителството соопшти дека презема дејствија за утврдување на факти во предметот, за прибирање на податоци и на потребната документација од Управата за јавни приходи и други релевантни институции.

    Ревизијата до која дојде САКАМДАКАЖАМ.МК се однесува на составот на Комисијата со претседателот Игор Тантуровски и членовите Фарие Алиу, Горан Миленков, Жаклина Дамческа, Најдо Спасевски, Сузана Таскова Аџикотарева и Сејди Халили, кои се на оваа функција во ДКСК од април 2015.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира