Основното јавно обвинителство Скопје побара судија на претходна постапка да им изрече притвор на 14 лица кои се осомничени дека учествувале во нападот на Собранието во четвртокот, соопшти пред малку Јавното обвинителство на Марко Зврлевски.
За едно лице е побарано определување мерки на претпазливост. Од ОЈО велат дека седуммина веќе се уапсени. Против сите 15 се води постапка за кривично дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие.
„Надлежен јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, за четиринаесет од осомничените предложи до судија на претходна постапка да им биде определена мерка притвор. За едно лице е предложено определување на мерки на претпазливост“, соопшти обвинителството.