ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОБАРА ДА СЕ ЗАМРЗНЕ ПРОДАЖБАТА НА ДРЖАВНОТО ЗЕМЈИШТЕ ШТО ЈАНАКИЕСКИ ЗА БАГАТЕЛНИ ЦЕНИ ИМ ГО ПРОДАЛ НА НЕСУДЕНИТЕ ХОТЕЛИЕРИ

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОБАРА ДА СЕ ЗАМРЗНЕ ПРОДАЖБАТА НА ДРЖАВНОТО ЗЕМЈИШТЕ ШТО ЈАНАКИЕСКИ ЗА БАГАТЕЛНИ ЦЕНИ ИМ ГО ПРОДАЛ НА НЕСУДЕНИТЕ ХОТЕЛИЕРИУтрово се приведени 10 лица и Обвинителството за организиран криминал и корупција бара притвор за сите, освен за едно лице. - Обвинителката Ивана Трајчева пред Кривичниот суд (Фото: СДК.МК)

    Ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески им продал за багателни цени на бизнисмени државно земјиште за изградба на хотели, во Скопје, овие не ги исполниле обврските од договорите, а тој не ги раскинал договорите и не го повратил назад земјиштето кај Република Северна Македонија. Со тоа, Јанакиески со помош на поранешни функционери и вработени во Министерството за транспорт и врски, од Катастaр, но и со помош на нотар и поранешен заменик – државен правобранител, ја оштетиле државата за 2,64 милиони евра.

    Утрово се приведени 10 лица, преостанува уште едно. Обвинителството за организиран криминал и корупција бара притвор за сите, но за едното од нив, во текот на сослушувањето пред судија на претходна постапка, обвинителката Ивана Трајчева, што ја води оваа најнова истрага, побарала поблаги мерки.

    „Сослушани 7 лица досега, за едното го сменив предлогот за притвор, во забрана за напуштање на живеалиште и други мерки. Утринава, паралелно со апсењето, пуштен е предлог за замрзнување на имотот, да не се оттуѓуваат ни земјиштата, ни имотот неосновано стекнат од страна на осомничените“, рече обвинителката.

    „Сите 4 локации се продадени за изградба на хотелски комплекси. Една од локациите била за проект ‘Шпански скали’. Станува збор за склучување договори за оттуѓување, продажба на државно земјиште, со предвидени договорни обврски по однос на неисполнување на обврските од страна на изведувачот. Но, роковите истекле, тие обврски не се испочитувани. Но, иако не биле испочитувани и бил предвден реален товар за да се обезбеди државата како што се прави впрочем и во секој договор, таквото нешто е прикриено, реалните товари не се солемнизирани, со што е нанесена штета на РС Македонија. Во ваков случај требало еднострано да се раскинат договорите. Тоа не е направено и земјиштето не е вратено во сопственост на РС Македонија“, го објасни Трајчева овој случај.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира