ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОБАРА ПРИТВОР ЗА СИТЕ 36 УАПСЕНИ ЗА ТЕРОРИЗАМ

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОБАРА ПРИТВОР ЗА СИТЕ 36 УАПСЕНИ ЗА ТЕРОРИЗАМПратеникот Крсто Мукоски беше донесен во Основниот суд Скопје 1 околу 11 часот (Фото:Ѓ. Личовски)

    Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција побара од Кривичниот суд изрекување мерка притвор за сите 36 лица против кои покрена истражна постапка поради основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со настаните од 27 април во Собранието, потврдуваат извори од Јавното обвинителство за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Обвинителство утринава соопшти дека е донесена Наредба за спроведување на истражна постапка против триесет и шест лица. Оттаму велат дека завршиле со предистражната постапка по преземање на сите дејствија за утврдување на фактите. За ова дело се предвидени најмалку 10 години затвор.

    Утринава потврда од МВР имаше за апсењето на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков. Тој се наоѓа во Основниот суд Скопје 1, каде што дава исказ пред судија на претходна постапка. Во Судот се уште повеќемина други приведени утринава во голема акција на полицијата. Меѓу нив се и пратениците Крсто Мукоски, Жаклина Стефановска, актерот Владо Јовановски, оперскиот пејач Игор Дурловски, Горан Ангелов од таканареченото Македонско патриотско здружение „Андон Јанев – Ќосето“ од Велес и дел од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира