ОЧЕКУВАМЕ НАПРЕДОК ОД СРЕДБАТА ЦИПРАС-ЗАЕВ ВО ДАВОС, РЕЧЕ ПОРТПАРОЛОТ НА ГРЧКАТА ВЛАДА

    ОЧЕКУВАМЕ НАПРЕДОК ОД СРЕДБАТА ЦИПРАС-ЗАЕВ ВО ДАВОС, РЕЧЕ ПОРТПАРОЛОТ НА ГРЧКАТА ВЛАДАПортпаролот Ѕанакопулос кажа дека сите прашања поврзани со разговорите за името и иредентизмот ќе се најдат на агендата разговори меѓу македонскиот и грчкиот премиер во среда во Давос. - Ципрас; Заев

    На средбата Заев – Ципрас во Давос, очекуваме да се направи напредок во насока на изнаоѓање на едно заемно прифатливо решение, изјави портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, јави дописникот на државната Агенција МИА од Атина.

    Портпаролот Ѕанакопулос на денешниот редовен брифинг со новинарите, кажал дека сите прашања поврзани со разговорите за името и иредентизмот ќе се најдат на агендата разговори меѓу македонскиот и грчкиот премиер во среда во Давос.

    „Во изминатиот период, постоеја изјави, излагања и од двете страни и од страна на грчката влада и од страна на владата на поранешната југословенска Република Македонија кои ги менуваат, особено вторите, ги менуваат иредентистичките излагања од минатото и покажуваат една исклучително интензивна и искрена, според нашето мислење, волја за да се најде едно заемно прифатливо решение. И токму ова ќе биде рамката во која ќе се одржи и средбата со господинот Заев на 24 јануари во Давос. Се надеваме дека за време на оваа средба ќе се постигне вистински напредок кон изнаоѓање решение“, изјави Ѕанакопулос.

    Одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали на средбата, грчкиот премиер ќе побара некакви конкретни чекори на добра волја од неговиот македонски колега, како на пример промена на уставот и иредентизмот, портпаролот на грчката влада рекол дека сите овие теми се јадро на преговорите.

    „Разговараме за сложено име со географска или временска одредница ерга омнес. Ерга омнес, треба да ви кажам, дека ја вклучува и самата соседна земја, во спротивно немаше да биде кон сите, туку ќе беше само кон некои и секако во јадрото на преговарачките позиции на нашата земја е вклучено и отстапување од секаков вид на иредентистичка перспектива“, изјави портпаролот на грчката влада Ѕанакопулос.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира