ОД 1 ЈАНУАРИ 2023 НЕМА ДА ИМА ГРАНИЦИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА, СРБИЈА И АЛБАНИЈА, ДОГОВОРИЈА ЗАЕВ, ВУЧИЌ И РАМА

    ОД 1 ЈАНУАРИ 2023 НЕМА ДА ИМА ГРАНИЦИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА, СРБИЈА И АЛБАНИЈА, ДОГОВОРИЈА ЗАЕВ, ВУЧИЌ И РАМАTрите земји во наредниот период ќе работат на остварување на оваа идеја со што ќе се олесни протокот на луѓе, но и на стоки и услуги.(Фото: К.Попов)

    Меѓу Македонија, Србија и Албанија од први јануари 2023 нема да има граници и движењето на граѓаните и превозниците ќе биде слободно. Ова го договорија премиерите на Северна Македонија и Албанија Зоран Заев и Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ  на Еконосмкиот форум кој денеска се одржува во Скопје.

    Како што кажа српскиот претседател Александар Вучиќ трите земји во наредниот период ќе работат на остварување на оваа идеја со што ќе се олесни протокот на луѓе, но и на стоки и услуги.

    „Нема да има застанување од Белград до Тирана и обратно. Граници ќе има, но нема да има застанување за нашите граѓани. Тоа ќе биде историски момент. Ќе имаме еден систем преку кој ќе се разменуваат информации. Знаете ли што значи ова, колкави ќе бидат придобивките кога превозниците на стока нема да мора да чекаат на граничните терминали. Ние секако дека сме на европскиот пат, но не сме глупави ниту наивни дека некој ќе работи во полза на нашите земји доколку тоа ние сами не го правиме “, рече Вучиќ во обраќањето на Економскиот форум.

    Премиерот Зоран Заев кажа дека целта на која работат со Рама и Вучиќ е интегриран регионален пазар кој ќе донесе дополнителен раст на БДП во регионот

    „Ние не можеме да чекаме сите внатрешни проблеми на Европската Унија да се решат за да одиме напред. Кога Европската Унија ќе биде подготвена, ние сме тука, веќе подготвени, со веќе обезбедени олеснувања за нашите граѓани и со веќе развиени економски иницијативи. Но, денеска не сум тука за да говорам за Европската Унија. Тука сум за да говорам за нашите граѓани, за нашите земји, за нашите идеи, за нашиот европски Балкан. Сите три земји заедно му даваме нов импулс на заедничкиот економски простор, на поврзаниот регионален пазар.Нашиот регион има приближно 18 милиони луѓе и тоа е многу сериозен капитал за да ги зајакнеме нашите економии“, рече во обраќањето премиерот Зоран Заев.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира