ОД 200 ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ, 12 СЕ СЀ УШТЕ НА БОЛНИЧКО ЛЕКУВАЊЕ, А 1 Е ВО ТЕШКА СОСТОЈБА, РЕЧЕ КЛЕКОВСКИ

    ОД 200 ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ, 12 СЕ СЀ УШТЕ НА БОЛНИЧКО ЛЕКУВАЊЕ, А 1 Е ВО ТЕШКА СОСТОЈБА, РЕЧЕ КЛЕКОВСКИПортпаролката на Владата, Марија Митева, Клековски, Томовски и Саит Саити, генерален директор на Црвен крст Македонија на денешната трибина во Владата. (Фото: К. Попов)

    Од 200 повредени во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март, уште 12 се на болничко лекување, од кои 1 е сѐ уште во тешка состојба, рече Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) на денешната трибина во Владата, „Кочани е наш приоритет“. Во пожарот загинаа вкупно 62 лица, од кои 59 ноќта на 16 март и уште тројца кои подоцна починаа при лекувањето во странство.

    Клековски кажа дека според официјалните податоци, од 200 повредени, 187 биле регистрирани на болничко лекување, од кои 116 во странство, а 71 во Македонија.

    Од петмината останати на лекување во Македонија, тројца се на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, тоа се пациенти кои се вратени од странство, и двајца се во „Аџибадем Систина“.

    Директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски рече ека од резервите на Буџетот на државата се одвоени 30 милиони денари за да се пружи помош при транспортот, сместувањето на придружбата на овие пациенти и дека до овој момент се потрошени 21 милион денари државни пари.

    „Уште 7 пациенти се на долекување во странство, исто имаат придружба, исто така им се покриваат трошоците за сместување и се надевам дека за брзо ќе ги вратиме назад во нашата држава. Тоа не значи дека тука сѐ завршува. Државата стои на располагање и ќе стои се до оној момент додека не добиеме јасна слика и додека не си ги вратиме пациентите тука назад во Македонија и да ги излекуваме до крај“, кажа Томовски.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира