ОД 7.400 ЛЕКАРИ, СПАДНАВМЕ НА 5.400, ВЕЛИ Д-Р ДИМИТРОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНСКОТО ЛЕКАРСКО ДРУШТВО

    ОД 7.400 ЛЕКАРИ, СПАДНАВМЕ НА 5.400, ВЕЛИ Д-Р ДИМИТРОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНСКОТО ЛЕКАРСКО ДРУШТВОПроф. д-р Димитров на денешната панел-дискусија „Пристап до третман и до услуги за рано детектирање“. (Фото: Европска куќа Скопје)

    Одливот на лекарите во странство е многу голем. Ако пред 10 години во Македонското лекарско друштво имавме 7.400 лекари, денес сме 5.400, рече проф д-р Горан Димитров претседател на најстарата професионална организација на денешната трибина во Европска куќа во Скопје.

    Проф. д-р Димитров беше еден од учесниците на панел-дискусијата „Пристап до третман и до услуги за рано детектирање“, во чест на 4 Февруари, Светскиот ден на борба против ракот.

    „Често истакнувам, кога зборувам во името на Македонското лекарско друштво, дека целата поставеност на здравствениот систем кој носи бреме и од минатото и малата стагнација во воведувањето на нови форми на превенција на ракот, доведоа до тоа да ние во последните десет години да сме некаде и не многу лоши, меѓутоа сме во средината на географската Европа“, рече проф. д-р Димитров.

    На дискусијата говореа и директорот на Институтот за јавно здравје, д-р Шабан Мемети, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот Стево Пендаровски, Емануела Додева од Здружението ЕЗРА и д-р Никола Брзанов, претседател на Клубот на млади лекари.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира