Од 800 школски деца тестирани за ковид-19 досегашниот скрининг, само 8 се позитивни, вели Комисијата за заразни болести. Тоа е само еден процент од тестираните учениците. Сепак, д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата, рече дека скринингот ќе продолжи додека не се исполни предвидената бројка меѓу 1.800 до 3.000 тестирани деца, со цел добиените податоци да бидат релевантни.
Според него, малиот број позитивни случаи меѓу децата се должи и на актуелната епидемиолошка состојба која постепено се смирува.
Скринингот во училиштата беше преземен како превентивна мерка за да се утврди колкава е трансмисијата во школските средини, откако пред две недели беше забележано покачување на бројот на позитивни ученици. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, се бележи намалување на инфицираните кај сите возрасни групи.
Ж. ЗДРАВКОВСКА