ОД ДЕНЕСКА ПАК ДЕФИЛЕ ЗА РАСПИТ ВО СЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОД ДЕНЕСКА ПАК ДЕФИЛЕ ЗА РАСПИТ ВО СЈО

    Денеска се очекува да продолжи дефилето на политичари и други личности повикани на распит во Специјалното јавно обвинителство, што почна пред десетина дена, откако специјалната обвинителка Катица Јанева најави дека дека периодов ќе има зголемена фреквенција на лица во нејзиното Обвинителство. Од СЈО не откриваат детали за лицата и зошто се викнати, бидејќи се работи за предистражни постапки.

    СЈО најави дека по две недоаѓања на распит, третиот пат повиканите ќе мора да дојдат, инаку ќе бара судот да издаде налог за присилно приведување. Специјалното обвинителство ќе бара од судот да издава налози за приведување или за лишување од слобода, сеедно дали повиканите се во Македонија, или се во странство.

    Минатата недела во еден ден на распит дојдоа Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, Мендух Тачи и Арифхикмет Џемаили од ДПА и Самка Ибраимовски од ПЦЕР. Се верува дека Бонева, која е член на Државната изборна комисија, Тачи и Ибраимовски се викнати како сведоци за изборни нерегуларности. Арифхикмет Џемаили е поранешен министер за култура во периодот 2007-08, кога на власт беше коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДПА и период во кој беа удрени темелите на проектот „Скопје 2014“.

    Една недела претходно, на распит во СЈО дојдоа градоначаникот на општина Центар Андреј Жерновски, Тони Јакимовски, шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и второосомничен меѓу петте во случајот „Тврдина“, како и Гордана Јанкуловска, поранешна министерка за внатрешни работи и третоосомничена во истиот случај.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира