ОД ДЕНЕСКА РЕШЕНИЈА ЗА КОВИД ИЗОЛАЦИЈА ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ПРЕКУ ВАКЦИНАЦИЈА.МК

    ОД ДЕНЕСКА РЕШЕНИЈА ЗА КОВИД ИЗОЛАЦИЈА ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА ПРЕКУ ВАКЦИНАЦИЈА.МКСекој кој се тестира за ковид-19 потребно е веднаш да биде во самоизолација, сè до добивање на резултатот. (Фото: К. Попов)

    Од денес во функција е платформата на која секој кој има потреба да дојде до сопственото решение за изолација ќе има пристап единствено до него без да има увид во податоците на другите на кои им е издадено такво решение, соопшти Владата.

    Пристапот е можен преку банер на веб-страницата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат кој носи до порталот Вакцинација.мк или директно на https://vakcinacija.mk/mk/landing.

    Постапката е едноставна: оние кои досега немаат креирано профил, ќе треба да се регистираат на Порталот со креирање профил преку кој се овозможува генерирање на решението за изолација, кое е дигитално потпишано од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

    Сите кои досега имаат свој профил на Вакцинација.мк, ќе може да го генерираат решението на ист начин како и сертификатите за вакцинација против ковид-19 или за прележан коронавирус.

    Од Владата потенцираат дека секој кој се тестира за ковид-19 потребно е веднаш по спроведеното тестирање да биде во самоизолација, сè до добивање на резултат. Ако резултатот е позитивен, останува во изолација уште седум, односно најмалку десет дена, во зависност од тоа дали развил симптоми на болеста.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира