ОД ГРИП МИНАТАТА НЕДЕЛА ПОЧИНАЛЕ 8 ЛИЦА

    ОД ГРИП МИНАТАТА НЕДЕЛА ПОЧИНАЛЕ 8 ЛИЦАСпоред Институтот за јавно здравје оваа сезона од грип се разболеле над 15.000 лица, а од потврдените случаи над 80 отсто биле со вирусот од инфлуенца А.-Клиниката за инфективни болести пријавила двајца починати во ИЈЗ (фото:СДК.МК)

    Осум лица починале од грип минатата недела, соопштија од Институтот за јавно здравје. Епидемиологот Гордана Кузмановска од ИЈЗ, вели дека починатите се на возраст од 12 до 70 години и дека повеќето имале претходни заболувања, коморбидитетни состојби, дијабетес, коронарни и кардиовскуларни болести. Таа вели дека петмина од починатите се од Скопје, а по еден од Кавадарци, Охрид и Делчево.

    „Освен 12 годишното дете, сите останати се со претходни заболувања. Меѓу нив е 26 годишна пациентка со церебрална парализа, а останатите се на возраст над 60 години“, вели Кузмановска.

    Таа рече дека претходната недела од грип заболеле над 2.673 лица. Оваа сеозна се пријавени над 15.000 заболени, што е помалку во однос на претходната сезона.

    „Од 100 примероци за испитување што пристигнаа минатата недел,а над 50 се потврдени дека се инфлуенца. Оваа сезона пристигнати се 544 материјали за испитување, од кои 293 се лабораториски потврдени“, вели Кузмановска.

    Најголем број од потврдените случаи, над 80 отсто се од инфлуенца од типот А.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари