ОД ЈАНУАРИ ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ И ЗА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ, ПРОЦЕНТОТ ОСТАНУВА 5 ОТСТО

    ОД ЈАНУАРИ ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ И ЗА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ, ПРОЦЕНТОТ ОСТАНУВА 5 ОТСТО„Медицинските сестри бараа зголемувањето на платите да биде 10 отсто за сите и да стартува од септември, но засега толку можевме. Огромна благодарност до Министетството за финансии кое изнајде дополнителни средства за сите вработени во здравството покачувањето да биде од јануари“, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата за Буџетот за 2019 со министерот Драган Тевдовски (Фото: К. Попов)

    Покачување на платите од 10 отсто за лекарите и 5 отсто за медицинските сестри и останатите здравствени работници стартува од јануари, кажа премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција за Буџетот за 2019. Претходно беше најавено дека зголемувањето на платите за медицинските сестри ќе старува од септември. Во меѓувреме, Комората на здравствени работници и Независниот синдикт на скопските клиники реагираа на разликата во проценти за лекарите и медицинските сестри и кажаа дека со тоа се прави поделба меѓу вработените кои работат тимски.

    „Тие бараа зголемувањето на платите да биде 10 отсто за сите и да стартува од септември, но засега толку можевме. Огромна благодарност до Министетството за финансии кое изнајде дополнителни средства за сите вработени во здравството покачувањето да биде од јануари“, рече Заев.

    Според Заев, со ова зголемување платите на специјалистите ќе стигнат и до 90.000 денари, а следната година и до 100.000 денари.

    „Веќе има специјалисти од скопските клиники кои имаат плати од 120.000 до 130.000 денари. Моравме вака да се зголемат платите и на останатите вработени во здравството, бидејќи и тие дежураат и стравот за одлив на кадар не е само за лекарите, туку и за медицинските сестри“, рече Заев.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира