ОД КАСАРНА ИСЧЕЗНАЛЕ 40 ПЕЧАТИ НА ДИК

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОД КАСАРНА ИСЧЕЗНАЛЕ 40 ПЕЧАТИ НА ДИК

    Пописната комисија при Државната изборна комисија која го пребројувала изборниот материјал пред изборите, констатирала дека фалат 40 печати на ДИК, делумно од избирачките места од Сопиште, Брвеница, Липково и од Брвеница, а од општина Бутел фалеле сите. Оваа состојба на вчерашната седница на ДИК предизвика расправија меѓу членовите на ДИК од СДСМ Игор Милев и Виолета Дума и Сашо Срцев и Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ.

    Милев реагираше дека со тие украдени печати, што сега се откриваат, ВМРО-ДПМНЕ славеше победа на неколку изборни циклуси. Срцев, пак, забележа како може да се констатира дека нешто фали, кога претходно не било избројано и не се знаело колку има на број, како што е случај, според него, со печатите на ДИК.

    Пописот на целиот изборен материјал, доверлив и недоверлив, бил спроведен во скопската касарна Илинден,  во чие депо се чува. Но, генералниот секретар на ДИК Добре Јанчев тврди дека ниту еден од печатите на ДИК од избирачките места во Бутел воопшто не биле влезени во касарната Илинден по последните избори и оти никогаш не биле дел од пописните листи на ДИК, што уште повеќе ја замрсува ситуацијата.

    САКАМДАКАЖАМ.МК се распраша кај службите во Комисијата дали може да се врши злоупотреба со украдени печати на ДИК и дали може тие во иднина да се злоупотребуваат ако некој ги има во џебот. Оттаму ни беше кажано дека секогаш пред избори ДИК прави попис на изборниот материјал, со цел да се види дали се функционални печатите, ув-ламбите, спрејовите и останатиот изборен материјал.

    „Пописната комисија изготвува извештај и ако некаде недостасува нешто или е нефункционално, ДИК распишува јавна набавка и се набавуваат нови. Конкретно, ако некаде фалат или се констатираат оштетени печати на општинските изборни комисии или печати на изборните единици, се изработуваат нови, но тие задолжително се различни од претходните и од останатите други печати кои се во функција. За да нема злоупотреби со печатите кои недостасуваат или се оштетени и не се во функција, се додава на новите печати детаљ: ѕвезда, цртка или некоја друга ознака“, објаснуваат од ДИК.

    Но овие безбедносни мерки се за секои идни избори, а од ДИК не беше изнесен генерален став пред јавноста дали со исчезнатите печати можело да се врши фалсификат на гласачките списоци во избирачките места и во општинските изборни комисии, со оглед на тоа што во бомбите на опозицијата се слушаа разговори на екминистерот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Јанакиески со ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков како и со друг соговорник, за отворање на запечатени црни вреќи и кутии со избирачки материјал, како и за наводни двојни списоци од гласање во избирачките места.

    По бурна дискусија, оваа точка на дневниот ред беше тргната и беше заклучено да се направи дополнителен попис на избирачкиот материјал за избирачките места кај што недостасува.

    ДИК синоќа ги ажурираше податоците за Избирачкиот список кој од денеска треба да биде ставен на увид на граѓаните.

    Бурна расправа предизвика и третманот на незапишаните 30.447 сомнителни гласачи, за кои мнозинството во ДИК на крајот одлучи тие пак да можат да се пријават електронски и лично во ДИК, веќе од денеска кога почнува увидот во Избирачкиот список. Увидот ќе трае до 16. Ноември.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари