ОД КОВИД-19 ДОСЕГА ПОЧИНАА 21 МЕДИЦИНСКО ЛИЦЕ И 7 БРЕМЕНИ ЖЕНИ, СМРТНОСТА ЗА МИНАТАТА НЕДЕЛА НАМАЛЕНА ЗА 8,6 ОТСТО

    ОД КОВИД-19 ДОСЕГА ПОЧИНАА 21 МЕДИЦИНСКО ЛИЦЕ И 7 БРЕМЕНИ ЖЕНИ, СМРТНОСТА ЗА МИНАТАТА НЕДЕЛА НАМАЛЕНА ЗА 8,6 ОТСТООд новозаболените, најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години. (Фото: К. Попов)

    Од 14 до 20 декември пријавени се 159 смртни случаи од 25 градови,  што е намалување за 8,6% во однос на минатата недела, стои во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во однос на возраста, 131 лице биле над 60 години, 17 лица на возраст од 50-59 години, 8 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и три случаи од возрасната група од 30-39 години.

    Намалување од 1.6 % во однос на минатата недела е регистрирано и во однос на тестираните материјали во лабораториите, или вкупно 15.607. Регистрирани се 4.585 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 16,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје (1.960; 42,7%).

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (1.343, 29,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (885; 19,3%), 30-39 (810; 17,7%), 40-49 (801; 17,5%) и 20-29 (509; 11,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (59; 1,3%) и 10-19 години (178; 3,9%).

    По добиени 2 негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 4.513 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 15,1% помалку во споредба со минатата недела.

    Во извештајот на ИЈЗ, е наведено дека од почетокот на коронакризата, во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (69,0%), кашлица (40,4%), малаксаност (40,3%), ослабен осет за мирис и/или вкус (27,1%), главоболка (22,2%), мускулна болка (18,2%), болка во грло (14,9%), треска (13,7%) и отежнато дишење (10,1%).

    Од случаите кои се епидемиолошки истражени (59.893; 76,4%), кај 14.063 или 23,7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

    Од случаите кои се епидемиолошки истражени (59.893; 76,4%), пријавени се 385 (0,6%) случаи кај бремени жени, од кои 61 била хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 109 се асимптоматски случаи.

    Од 59.893 истражени случаи, кај регистрирани се 2.954 (5,0%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

    Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени, кај 18.208 (30,6%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 12.463 лица имаат кардиоваскуларна болест, 4.693 дијабет, 2.525 се со хронична белодробна болест и 3.361 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 4.093 (62,6%) се присутни коморбидитети.

    Регистрирани се 2.314 смртни случаи,  1.460 смртни случаи кај лица од машки и 854 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 1.656 (71,6%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (1.278), дијабет (587) и белодробна болест (262). Регистрирани се 7 смртни случаи кај бремени жени и 21 смртни случаи кај здравствени работници. Сто четириесет и четири (6,2%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а 2.170 (93,8%) починале за време на хоспитализација.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира