ОД КОВИД-19 ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ МАРКО ЗВРЛЕВСКИ

    ОД КОВИД-19 ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ МАРКО ЗВРЛЕВСКИЗврлевски како поранешен новинар, кога стана државен обвинител ги отвори вратите за јавноста во Обвинителството, една од дотогаш најзатворените институции во државата. (Фото: СДК.МК)

    Поранешниот Јавен обвинител на Македонија Марко Зврлевски почина по компликации од коронавирус. Имаше 61 година.

    Зврлевски е роден во Дебар, а се школувал во Скопје. Тој е и поранешен новинар во МРТВ, а работел и во МАНУ. Како поранешен новинар, тој кога стана државен обвинител ги отвори вратите за јавноста во Обвинителството, како една од дотогаш најзатворените институции во државата.

    Во 1998 година влегува во тогашното Општинско јавно обвинителство на Скопје како приправник, станува стручен соработник, па адвокат, за во 2000 да биде избран за Заменик-јавен обвинител во Основното јавно обвинителство – Скопје.

    Зврлевски речиси целата своја кариера ѝ ја посветил на јавнообвинителската работа. Во декември 2005 година е распореден во Одделението за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција, а по трансформирањето на одделението, е избран за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Од ноември 2009 до јануари 2013 година како Основен јавен обвинител се враќа да раководи со Основното јавно обвинителство – Скопје.

    Во јануари 2013 година е именуван за Јавен обвинител на Република Северна Македонија која функција ја извршува до август 2017 година. Од 2009 до септември 2015 беше Претседател на Здружението на јавни обвинители на Македонија.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира