ОД КОВИД-19 ПОЧИНАА 5 ЛИЦА ОД 53 ДО 60 ГОДИНИ, УШТЕ 88 ПОЗИТИВНИ ОД 1.618 ТЕСТОВИ

    ОД КОВИД-19 ПОЧИНАА 5 ЛИЦА ОД 53 ДО 60 ГОДИНИ, УШТЕ 88 ПОЗИТИВНИ ОД 1.618 ТЕСТОВИНа Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти, а во „8 Септември“ примени се 3 нови, на респриратор се тројца;- Брза помош на скопските клиники. (Фото: К. Попов)

    Починаа 5 лица во последните 24 часа по компликации од ковид-19, и тоа пациент од Тетово (53), од Гостивар (60), од Прилеп (57), од Струга (60) и еден пациент од Битола (60). Според Министерството за здравство, од 1.618 тестирања,  регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-3, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-1, Струмица-7, Крива Паланка-2, Кочани-3, Македонски Брод-1, Виница-1 и Кичево-2.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 71 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 162, позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 135 оздравени пациенти од: Скопје-42, Куманово-17, Штип-7, Прилеп-16, Тетово-10, Велес-1, Битола-2, Охрид-4, Гостивар-10, Гевгелија-4, Крива Паланка-5, Радовиш-2, Кочани-4, Пробиштип-2, Пехчево-2, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-1.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 16.867, од кои оздравеа 14.084, починаа 705, а активни се 2.078. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашните, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 6.629, активни 586

    • Куманово 1.701, активни 193

    • Дебар 276, активни 36

    • Штип 1.233, активни 57

    • Прилеп 624, активни 120

    • Тетово 1.387, активни 168

    • Струга 650, активни 64

    • Велес 309, активни 35

    • Битола 274, активни 64

    • Охрид 409, активни 47

    • Кавадарци 215, активни 33

    • Гостивар 908, активни 100

    • Гевгелија 107, активни 56 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

    • Струмица 184, активни 115

    • Крива Паланка 98, активни 28

    • Радовиш 71, активни 21

    • Крушево 20, активни 3

    • Кочани 267, активни 103

    • Пробиштип 104, активни 20

    • Демир Хисар 61, активни 2

    • Македонски Брод 91, активни 12

    • Пехчево 42, активни 9

    • Берово 84, активни 26

    • Валандово 17, активни 8

    • Виница 99, активни 25

    • Делчево 145, активни 76 (30 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

    • Кратово 24, активни 3

    • Свети Николе 316, активни 17

    • Кичево 313, активни 37

    • Ресен 160, активни 12

    • Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.618 теста се преку: ИЈЗ-216, ЦЈЗ Скопје-51, Авицена-323, Биотек-282, МАНУ -149, Жан Митрев (Филип Втори)-213, Систина со PCR метода -192, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-48, Инфективна клиника-4, ГАК-25, Синлаб-55, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 177.635 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

    • Чаир – 64

    • Гази Баба – 72

    • Аеродром – 87

    • Карпош – 68

    • Центар – 80

    • Кисела Вода – 53

    • Ѓорче Петров – 36

    • Бутел – 31

    • Шуто Оризари – 17

    • Студеничани – 10

    • Сарај – 13

    • Арачиново – 9

    • Илинден – 16

    • Сопиште – 4

    • Чучер Сандево – 3

    • Петровец – 7

    • Зелениково – 2

    • Странец – 8

    • Нераспределен-6

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира