ОД ПОНЕДЕЛНИК МВР ЌЕ ИЗДАВА РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ СО „NMK“

    ОД ПОНЕДЕЛНИК МВР ЌЕ ИЗДАВА РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ СО „NMK“На сината лента на регистарската табличка ќе стои кодот „NMK“, што е дел од обврските со Преспанскиот договор (Фото: СДК.МК)

    Министерството за внатрешни работи од понеделник ќе стартува со издавање нови регистарски таблички со ознаката „NMK“, што е дел од обврските со Преспанскиот договор со кој се реши спорот за името со Грција. На сината лента на таблицата ќе стои кодот „NMK“.

    Со измените на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблички, формата и содржината на регистарските таблички и на пробните таблички на возилата, издавањето на таблички со новиот код е предвидено да стартува денес, но бидејќи е викенд тоа ќе почне од следната недела.

    Досега налепници со ознака „NMK“ за регистарските таблички на возилата се даваа и при излез или влез во Република Северна Македонија.

    Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека излегле во пресрет на барањето на граѓаните на Општина Демир Хисар и Општина Крушево и одобрило да имаат сопствени регистарски ознаки на возилата.

    „За регистарското подрачје Демир Хисар ознаката на регистарските таблици е ‘DH’, а за регистарското подрачје Крушево ознаката на регистарските таблици е ‘KS”, соопшти МВР.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира