Струјата ќе поевтини за 0,1 отсто, кажа денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.
Одлуката за новата цена беше донесена на денешната седница на Регулаторната комисија, а ќе важи од 1 јули.
„Цената на ЕЛЕМ за производство се намалува за 3,39 проценти, на МЕПСО за дистрибуција се намалува за 5,34 проценти, додека на ЕВН за дистрибуција се зголемува за 2,59 проценти“, рече Бислимовски.
Претходно ЕВН и ЕЛЕМ од Регулаторната комисија побараа зголемување на цената на струјата, а МЕПСО не побара ниту зголемување ниту намалување. ЕВН побара зголемување од 9 отсто, а ЕЛЕМ од 1,5 отсто.