ОД ПРВИ ОКТОМВРИ БОЛНИТЕ ОД ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА ЌЕ СЕ ЛЕКУВААТ НА КЛИНИКИТЕ ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ И ЗА ПУЛМОЛОГИЈА

    ОД ПРВИ ОКТОМВРИ БОЛНИТЕ ОД ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА ЌЕ СЕ ЛЕКУВААТ НА КЛИНИКИТЕ ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ И ЗА ПУЛМОЛОГИЈА17-годишниот Александар Јосифовски од Тетово, кој боледува од цистична фиброза, во 2020 заедно со родителите се искачи на Титов Врв. Фото: СДК.МК)

    Од 1 октомври, сите пациенти со цистична фиброза на возраст до 18 години ќе се лекуваат на Универзитетската Клиника (УК) за детски болести, додека пациентите со наполнети 18 години на Клиниката за пулмологија и алергологија, соопшти Министерството за здравство согласно препораката од Националната комисија за ретки болести.

    „Активностите за третманот на пациентите со цистична фиброза се договорени и усогласени на одржаните координирани состаноци на УК за детски болести Скопје, УК за пулмологија и алергологија и претставници на ФЗОРСМ и МЗ, земајќи во предвид дека лекувањето на овие пациенти треба да биде во јавни здравствени установи од терциерно ниво кои ги исполнуваат стандардите за хоспитализација со оглед на специфичноста на болеста, и во кои поради стручноста на кадарот, лекувањето на пациентите со цистична фиброза ќе биде согласно светските протоколи“, велат од Министерството.

    Потребната инхалаторна терапија за сите пациенти ќе биде обезбедена преку јавна набавка спроведена од УК за детски болести, преку обезбедување дополнителен буџет од Фондот за здравство. Ссогласно потребните количини на пациентите, терапојата ќе биде дистрибуирана според веќе воспоставениот систем на инсулинска аптека до местото на живеење на секој пациент.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира