ОД СЈО ПОТВРДУВААТ ДЕКА АДВОКАТИ БАРАЛЕ ЗАПИРАЊЕ НА ПОСТАПКИ ПРОТИВ ОСОМНИЧЕНИ ФУНКЦИОНЕРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ОД СЈО ПОТВРДУВААТ ДЕКА АДВОКАТИ БАРАЛЕ ЗАПИРАЊЕ НА ПОСТАПКИ ПРОТИВ ОСОМНИЧЕНИ ФУНКЦИОНЕРИ

    Од Специјалното јавно обвинителство за агенцијата Мета попладнево потврдиле дека до нив стигнале барања од адвокати на осомничени лица за кои се водат истраги, за запирање на постапката.

    „Точна е информацијата дека е побарано од страна на адвокатите на осомничените да се стопира постапката и Ве известуваме дека овие барања се уште се предмет на разгледување од наша страна“, одговориле од кабинетот на Јанева.

    Меѓу осомничените, според пишувањето на Мета се и поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, шефот на кабинет на поранешниот премиер Никола Груевски, Мартин Протоѓер и други високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

    Во врска со измените на Законот за помилување што во четвртокот ги изгласа Собранието, а денеска експресно ги потпиша претседателот Ѓорге Иванов од СЈО изјавиле: „Една од примарните цели на ова Јавно обвинителство е борбата против криминалот и корупцијата и секој закон кој што ни овозможува непречено да ги водиме истрагите е од клучно значење за нас“.

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари