ОД ТУРЦИЈА Е ПОБАРАНО ДА ГО ЗАДРЖИ ПАЛЕВСКИ ВО ПРИТВОР ДО ЕКСТРАДИЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА

    ОД ТУРЦИЈА Е ПОБАРАНО ДА ГО ЗАДРЖИ ПАЛЕВСКИ ВО ПРИТВОР ДО ЕКСТРАДИЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈАМинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски синоќа на прес-конференција покажа фотографии што ги добил од турската полиција по апсењето на Палевски. (Фото: МВР)

    Министерството за правда побара од надлежните турски власти Љупчо Палевски да биде задржан во притвор поради екстрадиција сè до завршувањето на постапката, соопштија од министерството. Оттаму велат дека очекуваат Турција веднаш да постапи по барањето.

    Министерството за правда утринава во 9.20 часот добило официјално известување од Интерпол дека уапсен Палевски, баран со меѓународна потерница за грабнување и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Павле Жежовски. Од Министерството велат дека ја отпочнале постапка за екстрадиција и ги прибираат сите документи од институциите кои се потребни за нејзина реализација.

    „Направени се контакти со ЈОРСМ и ОЈО Скопје за да се комплетираат уредно списите како би можело Министерството за правда да постапува. Во координација сме со сите засегнати институции за да постапиме веднаш и нема да чекаме да измине рокот од 40 дена за да го доставиме барањето за екстрадиција“, велат од Министерството за правда.

    Во постапката, Министерството за правда треба да ги прими списите, да се изготви барање за екстрадиција, сите документи да се преведат на турски јазик и потоа да се пратат преку ДХЛ.

    Министерот за правда, или лице овластено од него, го потпишува барањето за екстрадиција. Потоа, комплет списите се праќаат до централниот орган (најчесто Министерство за правда) на државата каде што е бараното лице.

    По завршување на постапката пред странската држава се договара превземање на лицето преку Министерствата за внатрешни работи (канцелариите на ИНТЕРПОЛ).

    Основниот кривичен суд Скопје денеска им изрече притвор од по 30 дена на таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје, Александар Ѓорчевски, и на тројцата осомничени В.М., В.К., Б.В. поврзани со грабнувањето и убиствата на Вања и на велешанецот Панче Жежовски. Краткотраен притвор од 48 часа доби и вчера приведениот 46-годишен скопјанец С. Д. кој се сомничи дека му помогнал на Палевски да избега во Турција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира