ОД УТРЕ КОЛИТЕ СО БУГАРСКИ ТАБЛИЧКИ ЌЕ МОЖАТ ДА СЕ РЕГИСТРИРААТ СО 50 ОТСТО ПОЕВТИНИ ДАВАЧКИ

    ОД УТРЕ КОЛИТЕ СО БУГАРСКИ ТАБЛИЧКИ ЌЕ МОЖАТ ДА СЕ РЕГИСТРИРААТ СО 50 ОТСТО ПОЕВТИНИ ДАВАЧКИОваа поволност ќе важи за сите возила кои влегле во земјава заклучно со 1 октомври 2020 година. (Фото:СДК.МК)

    Од утре ќе почне регистрацијата на возилата со странски таблички со 50 отсто помали давачки. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека денеска или утре во Службен весник ќе биде објавен Правилникот за поединечно одобрување на возила и со тоа граѓаните ќе можат почнат да ја користат повластената цена за да ги пререгистрираат возилата.

    „Со Законот кој беше донесен се предвидува да се донесат соодветни правилници, а вчера Министерството за економија го донесе Правилникот за поединечно одобрување на возилата. Сега Бирото за метеорологија и другите институции како Царинската управа можат слободно да почнат со регистрација на возилата кои се предвидени со последното законско решение“, рече Бектеши одговарајќи на новинарско прашање при посетата на компанијата „Раде Кончар“.

    Со ова решение од Владата очекуваат во буџетот да влезат 20 милиони евра приходи.

    Оваа поволност ќе важи за сите возила кои влегле во земјава заклучно со 1 октомври 2020 година. Целта на ова законско решение е можност на граѓаните, сопствениците или корисниците да можат да ги регистрираат возилата со странски регистарски таблици на територија на Република Северна Македонија. Сопственикот или корисникот на возилото или лицето кое ќе го купи возилото треба да ги има регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседува важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира