ОД ВЧЕРА ПОЧНА ДА ТЕЧЕ РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА АМНЕСТИЈА ЗА ОРГАНИЗИРАНИОТ НАПАД НА СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ

    ОД ВЧЕРА ПОЧНА ДА ТЕЧЕ РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА АМНЕСТИЈА ЗА ОРГАНИЗИРАНИОТ НАПАД НА СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛПо потпишувањето од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов и вчерашната објава во „Службен весник“, Законот за амнестија влезе во сила. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на државата  Ѓорѓе Иванов вчера го потпишал Законот за амнестија. Законот вчера беше објавен во „Службен весник“. Со објавувањето во „Службен весник“, од вчера почна да тече рокот од 5 дена во кој обвинети и осудени за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 имаат право да поднесат барање за амнестија до  Судот.

    Собранието на 18 декември со 95 гласови  „за“ и без ниеден „против“, пред три дена  го донесе Законот за амнестија за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017. Кон групата пратенци и предлагачи се приклучија и пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ  заедно со Панчо Минов од ГРОМ.

    Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села и лидерот на ЛДП Горан Милески ја напуштија салата кога почна гласањето.

    Со Законот за амнестија  нема да може да бидат амнестирани:

    • организаторите и подготвувачите на нападот на Собранието за кои има основани сомневања
    • лицата кои извршиле физичко насилство
    • лицата под фантомки
    • лица кои носеле оружје и експлозивни материи
    • службени лица кои ги пречекориле своите овластувања

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари