ОД ВЧЕРА ВРАТЕНИ СТАРИТЕ ЦЕНИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ПРИ РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛАТА

    ОД ВЧЕРА ВРАТЕНИ СТАРИТЕ ЦЕНИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ПРИ РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛАТАЦените беа ппокачени за 15 отсто. (Фото: СДК.МК)

    Од вчера се вратени старите цени за осигурување од автоодговорност при регистрација на возилата. Откако Комисијата за автомобилска одговорност при Министерството за финансии препорача, Владата на 2 мај донесе одлука цените на задолжителното осигурување од автоодговорност да се вратат на нивото од пред 25 април, кога се покачија за 15,44 отсто.

    Осигурителните компании од вчера почнаа да ја применуваат одлуката која е објавена во Службен весник и ги вратија старите цени за осигурување.

    Осигурителните компании сметаат дека ваквата одлука „претставува директна закана за финансиската стабилност на осигурителниот сектор, поставување во целост на регулаторно ограничување во ценовните политики што е спротивно на препораките на ЕК во извештајот за напредокот на нашата земја, кое може сериозно да ја доведе во прашање грижата за осигурениците“.

    Исто така, тие велат дека одлуката се должи единствено на непрофесионални квалификации доставени од регулаторот, Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира