ОДБИЕНА ЖАЛБАТА НА МИЈАЛКОВ, ОСТАНУВА ВО ШУТКА

    ОДБИЕНА ЖАЛБАТА НА МИЈАЛКОВ, ОСТАНУВА ВО ШУТКАМијалков пред изрекувањето на пресудата за „Тврдина-Таргет“. (Фото: К. Попов)

    Неправосилно осудениот Сашо Мијалков засега останува во притвор во Шутка, откако денеска Апелациониот суд Скопје му ја одби жалбата на одлуката на судијката Џенета Бегтовиќ да му изрече ефективен притвор, место куќен притвор, по изрекувањето на пресудата од 12 години затвор за случајот „Тврдина-Таргет“ на 26 февруари.

    „Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ -19/21 познат во јавноста под името „Таргет – Тврдина“ по одржана нејавна седница на ден 12.03.2021 година, донесе одлука со која жалбата на обвинетиот С.М. од С. изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а првостепеното решение, со кое е укината мерката куќен притвор и определена мерка притвор како мерка за обезбедување присуство на обвинетиот, го потврди“, соопшти Апелациониот суд Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира