ОДБРАНАТА НА ЗАЕВ НЕМА ДОБИЕНО НИТУ ЕДНА СТРАНА ОД ДОКАЗИТЕ ЗА „ПОТКУП“

    ОДБРАНАТА НА ЗАЕВ НЕМА ДОБИЕНО НИТУ ЕДНА СТРАНА ОД ДОКАЗИТЕ ЗА „ПОТКУП“Обвинетиот Зоран Заев утринава пристигна во Кривичниот суд за судењето за случајот „Поткуп“. (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев на судењето во Основниот суд Скопје 1 за случајот „Поткуп“ кажа дека од двесте страни докази против него дека наводно барал поткуп за изградба на црква, обвинителството до денеска не му дало ниту една страна, ниту еден доказ. Одбраната на Заев ѝ укажа на судијката Дијана Груевска Илиевска дека без копии од доказите, особено од наредбите за посебните истражни мерки против обвинетиот, не можат да го кажат ниту воведниот збор за да почне главната расправата од судењето.

    Обвинителот Владимир Милошески од Одделот за организиран криминал, чиј мандат во меѓувреме е продолжен и останува на овој предмет, појасни дека доказите со ПИ мерки по завршувањето на истрагата му се предадени на Судот и тие се во еден примерок, кој ги има само Судот. Судијката Груевска, која претходно ја информираше одбраната дека Судот ги немал тие докази од ПИ мерките, потоа им дозволи на обвинетиот Заев и неговите адвокати да извршат увид, но и препис на тие докази, коишто во моментов се наоѓаат во Судот.

    Судењето се презакажа за 4 мај, а Заев по завршувањето на денешното рочиште пред новинарите кажа дека тој и адвокатите инсистираат да ги добијат копиите од ПИ мерките, бидејќи се сомневаат дека обвинителот и обвинителсвото од коешто што доаѓа ги имаат тие докази од прислушуваните телефонски разговори и видео снимки од разговорот со бизнисменот Иван Николов од кој наводно барал поткуп и секојдневно ги преслушуваат и си креираат, како што рече Заев, нови дела и обвиненија против него.

    С.К.Делевска

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира