ОДДЕЛОТ ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ВО МВР УТРОВО АПСИ ВО КАВАДАРЦИ И НЕГОТИНО ЛИЦА КОИ ПУШТИЛЕ ВО ПРОМЕТ ИЛЈАДНИЦИ ФАЛСИФИКУВАНИ ДОЛАРИ

    ОДДЕЛОТ ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ВО МВР УТРОВО АПСИ ВО КАВАДАРЦИ И НЕГОТИНО ЛИЦА КОИ ПУШТИЛЕ ВО ПРОМЕТ ИЛЈАДНИЦИ ФАЛСИФИКУВАНИ ДОЛАРИВо тек е акција за заплена на поголема количина фалсификувани долари. (Фото: илустрација)

    Одделот за организиран криминал во МВР во широка акција од рано утрово врши претрес на десетина локации во Неготино и во Кавадарци за заплена на поголема количина на фалсификувани долари, од кои дел се пуштени во промет во Македонија, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Според очевидци, полицијата веќе апси лица од овие подрачја, кои се вмешани во пуштањето во промет на фалсификуваните девизи.

    Неофицијално, во криминалот била вмешана и една банка. Во МВР ниту го потврдуваат, ниту негираат настанот. Обвинител за организиран криминал веќе го презел случајот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари