ОДЛОЖЕНО ПЛАЌАЊЕ ДО 30 ДЕНА И ПРОДОЛЖУВАЊЕ ЗА 15 ДЕНА НА ПОЛИСИТЕ КОИ ИСТЕКУВААТ, „ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“ СО ВОНРЕДНИ ПОГОДНОСТИ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

    ОДЛОЖЕНО ПЛАЌАЊЕ ДО 30 ДЕНА И ПРОДОЛЖУВАЊЕ ЗА 15 ДЕНА НА ПОЛИСИТЕ КОИ ИСТЕКУВААТ, „ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“ СО ВОНРЕДНИ ПОГОДНОСТИ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТОд компанијата информираат дека поради состојбата со коронавирусот воведуваат мерки за времено олеснување на условите под кои граѓаните го обезбедуваат своето осигурување.(Фото: Еуролонк осигурување“

    Одложено плаќање до 30 дена за сите класи осигурување воведува „Еуролинк осигурување“. Од компанијата информираат дека поради состојбата со коронавирусот воведуваат мерки за времено олеснување на условите под кои граѓаните го обезбедуваат своето осигурување.

    Со мерките, полисите на физичките лица со рок за обнова од 15 до 31 март, ќе се сметаат за важечки уште 15 дена од нивниот истек. „Еуролинк“ ќе ги подмири евентуалните штети кои би настанале во продолжениот рок на траење и кои клиентите би ги пријавиле согласно условите на соодветната полиса.

    Сите полиси за правни и за физички лица во следниот период ќе се договараат по телефон, а ќе се доставуваат електронски по електронска пошта. Сите полиси и документи што не можат да се достават електронски, ќе се доставуваат по пошта. Достапна е опцијата за плаќање на рати и фактури преку веб страницата или преку мобилната апликација на „Еуролинк осигурување“.

    „Имајќи предвид дека најновите препораки се во насока на социјално дистанцирање и намалување на движењето на граѓаните што ја ограничува достапноста до ресурси, воведуваме мерки за времено олеснување на условите под кои нашите клиенти го обезбедуваат своето задолжително и незадолжително осигурување“, велат од „Еуролинк осигурување“.

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари