Првото рочиште за убиството на на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски денеска беше одложено, за да се спојат обвиненијата за Љупчо Палевски-Палчо и неговите четворица соработници, меѓу кои е и таткото на Вања, Александар.
Обвинителството побара да се спојат двете обвиненија поради исти докази за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања.
Новото рочиште е закажано за 20 септември.
Палевски е обвинет за едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 и точка 7 во врска со член 22 од Кривичниот законик (КЗ) и едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 и точка 4 во врска со член 22 од Кривичниот законик и двете казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик, за што е предвидена казна од 10 години до доживотен затвор.
Тој е обвинет и за едно кривично дело – Грабнување од член 141 став 2 во врска со став 1 во врска со со член 22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Според обвинението, петмината обвинети заедно испланирале грабнување на 14-годишното дете Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.
Во обвинението против В.М., Б.В. и В.К. тие обвинети за по две кривични дела Убиство од чл. 123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл. 22 од КЗ и чл. 123 ст. 2 т.1 и т.4 в.в со чл. 22 од КЗ како и две кривични дела – Грабнување од чл. 141 ст.2 в.в. со ст.1 и в.в. со чл. 22 и чл. 141 ст. 1 в.в. чл. 22 од КЗ, и обвинетиот Александар Ѓорчевски, таткото на Вања Ѓорчевска, обвинет за едно кривично дело Грабнување чл. 141 ст.2 в.в. ст.1 в.в. чл. 24 од КЗ.
А. АНТЕВСКА