ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО НА ЗАЕВ ВО КУМАНОВСКИОТ СУД, В ПЕТОК ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ

a:1:{s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО НА ЗАЕВ ВО КУМАНОВСКИОТ СУД, В ПЕТОК ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ

    Во Кумановскиот суд денеска се одложи судењето на лидерот на СДСМ Зоран Заев по приватна тужба на Виктор Цветковски, генералниот секретар на ГРОМ, поради објавување на прислушуваните разговори во бомбите. На денешното рочиште требаше да бидат дадени завршни зборови, но поради отсуство на адвокатот на обвинетите Мирослав Вујиќ, кој присуствува на јавна седница на Апелациониот суд во Битола, судењето е презакажано за в петок.

    „Обвинетите се обидуваат да ќарат уште некој ден и го одложија денешното рочиште. Се користи секоја можност за добивање на време. В петок се закажени завршните зборови, подготврени сме јас и моите колеги да го дадеме завршниот збор за кривичен прогон против првите луѓе на СДСМ и СДСМ. Врз основа на сите докази, верувам дека правдата и правото ќе победи и сите виновници кои го сториле кривичното дело ќе одговараат“, изјави Виктор Цветковски по одлагање на судењето.

    Цветковски ги тужи Зоран Заев, СДСМ како правно лице и претседателот на кумановскиот огранок на СДСМ Мартин Костовски, поради неовластено снимање и објавување на разговорот  меѓу него и поранешната министерка Гордана Јанкуловска, каде се договараат за обезбедување гласови на ВМРО-ДПМНЕ меѓу двата круга на локалните избори во 2013 година во Куманово.

    Пред судот Заев и Костовски се изјаснија дека не се виновни за делото за кое се товарат.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари