ОДЛУКА ЗА ПРИТВОРОТ НА ГРУЕВСКИ И МИЈАЛКОВ НАЈРАНО ИЗУТРИНА В НЕДЕЛА

    ОДЛУКА ЗА ПРИТВОРОТ НА ГРУЕВСКИ И МИЈАЛКОВ НАЈРАНО ИЗУТРИНА В НЕДЕЛАЈанева во повеќе наврати се пожали на опструкции на Кривичниот суд во предметите на Специјалното обвинителство - архивска фотографија (Фото: Ѓ. Личовски)

    Обвиненијата за „Таргет“ и „Тврдина“, кои СЈО ги спои во еден предмет за нелегалното прислушување, а во кои се бара притвор за ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, како и обвинението за „Титаник“, со барање мерка притвор за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и екпремиер Никола Груевски, распоредени се кај судиите Горан Бошевски и Ивица Стефановски.
    Со оглед дека тие се стигнати и заведени во Основниот суд Скопје 1 синоќа (петок) во 21.40 часот, одлука за мерките притвор не може да се очекува порано од утре сабајле, недела, ни појаснија во Кривичниот суд. Првин треба кривичниот совет од тројца судии да одлучи за предложените мерки за обвинетите, а потоа судиите Бошевски и Стефановски да ги оценат обвинителните акти, што според соговорниците од Судот, ќе трае неколку дена и нема да се случи веднаш.
    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира