До 17 часот на претседателските избори гласале 44,18 отсто од избирачите запишани во Избирачкиот список. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) од 1.708 избирачки места гласале 397.612 граѓани.
Споредено со првиот круг претседателските избори во 2019, излезноста на овие избори е за 9 отсто повисока.
Најголема излезност има во Новаци 67.19 отсто, а најмала во Пласница 15,5 отсто.
До ДИК до 17 часот се пристигнати 308 приговори.
А. АНТЕВСКА