ОПШТИНА ОХРИД ЌЕ ГИ СЕЧЕ РИЗИЧНИТЕ СТАРИ ДРВЈА ЗА ДА НЕ ПАЃААТ ВРЗ АВТОМОБИЛИ

    ОПШТИНА ОХРИД ЌЕ ГИ СЕЧЕ РИЗИЧНИТЕ СТАРИ ДРВЈА ЗА ДА НЕ ПАЃААТ ВРЗ АВТОМОБИЛИВо невремето на 6 мај, во центарот на Охрид падна старо дрво врз два паркирани автомобила. (Фото:СДК.МК)

    Локалната власт во Охрид има проект со кој се планира сечење на старите и дотрајани дрвја во центарот, кои при невреме почнаа да паѓаат врз паркирани возила. Ова, главно се однесува на старите дрвја на улицата „Македонски просветители“ во срцето на градот.

    „Изработен е проект за отстранување на старите и дотрајани дрвја во централното градско подрачје. Проектот е од стручни лица кои строго водеа сметка да не се наруши природната средина. Ова најмногу се однесува на улицата ’Македонски просветители‘ каде што речиси целиот дрворед е дотрајан и претставува опасност за паркираните возила и за пешаците. Меѓутоа, конечниот збор треба да го дадат советниците на Советот на Општината, на кои овој проект наскоро ќе им биде доставен на усвојување“, ни изјави портпаролот на локалната Томе Џамтоски.

    Во овој дел од Охрид на шести мај беа оштетени две паркирани возила кога врз нив падна дотраено стебло.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари