ОРЦЕ КАМЧЕВ ОСВЕН КАКО СОРАБОТНИК НА ПРАВДАТА ВО „РЕКЕТ“, ВО ОЈО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ВЛЕГУВА И КАКО ПРВООСОМНИЧЕН ВО „ИМПЕРИЈА“, СТЕФАНОВА ПРОДОЛЖУВА ДА ГО ГОНИ

    ОРЦЕ КАМЧЕВ ОСВЕН КАКО СОРАБОТНИК НА ПРАВДАТА ВО „РЕКЕТ“, ВО ОЈО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ВЛЕГУВА И КАКО ПРВООСОМНИЧЕН ВО „ИМПЕРИЈА“, СТЕФАНОВА ПРОДОЛЖУВА ДА ГО ГОНИОбвинителката Стефанова веќе нема да зависи од потписот на шеф на обвинителството, како што беше случајот со СЈО и Катица Јанева, која беше единствена надлежна да ги потпишува наредбите на деветтемина обвинители. - Орце Камчев; Лиле Стефанова (Фото: СДК.МК)

    Големата истрага за „Империја“, со одлука на Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на 29 септември продолжува кај обвинителката од поранешното СЈО Лиле Стефанова, која ја води отпочеток. Но, оваа истрага доби сега нов архивски број од Обвинителството за организиран криминал и корупција.

    Стефанова веќе нема да зависи од потписот на шеф на обвинителството, како што беше случајот со СЈО и Катица Јанева, која беше единствена надлежна да ги потпишува наредбите на деветтемина обвинители. Според редовните закони, таа ќе ги потпишува сите наредби, како што важи за сите редовни обвинители. Шеф е Вилма Рускоска, но зад секоја истрага што е во ОЈО за организиран криминал, одговорен си е секој обвинител лично, па така и за „Империја“. Се си останува по старо, како СЈО да не постоело.

    Поради начелното правно мислење од Врховниот суд под водство на сега разрешениот претседател Јово Вангеловски, оваа истрага, според информациите на САКАМДАКАЖАМ.МК, освен вештачењата, немала сослушување на сведоци од страна на предметниот обвинител Стефанова. Врховниот суд забрани да се продолжи со оваа истрага, која според досега најдените докази, кажа дека осомничените ја оштетиле државата со над 10 милиони евра засега.

    Во истрагата „Империја“ осомничени се Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска – Камчева, Христина Камчева – Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.

    Иако имаше тврдења дека „Империја“ била оштетена со обид за влијанија на Јанева таа да се запре, за што против неа се води друга истрага под назив „Рекет“, сепак „Империја“ продолжува, зашто, според истрагата, имало неуспешен обид Јанева да го ослободи првоосомничениот Камчев од кривичните дела за кои е осомничен и да ја запре истрагата со спогодба со осомничените.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира