ОРЦЕ КАМЧЕВ СЕГА БАРА ВРЕМЕН ПАСОШ СО ВАЖНОСТ 12 МЕСЕЦИ, НО ОВОЈПАТ ЌЕ ОДЛУЧУВА РЕПУБЛИЧКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

    ОРЦЕ КАМЧЕВ СЕГА БАРА ВРЕМЕН ПАСОШ СО ВАЖНОСТ 12 МЕСЕЦИ, НО ОВОЈПАТ ЌЕ ОДЛУЧУВА РЕПУБЛИЧКОТО ОБВИНИТЕЛСТВОБизнисменот Орце Камчев како и пред седум месеци, не си ги бара од судот двата регуларни пасоши македонскиот и бугарскиот кои му се земени и се чуваат во Основниот суд Скопје 1, туку бара нов, привремен. (Фото: СДК.МК)

    Девет републички обвинители, меѓу кои и Државниот Љубомир Јовески ќе одлучуваат за барањето на главниот осомничен во истрагата „Империја“ Орце Камчев. Тој преку судот поднел барање Обвинителството да му издаде нова времен пасош, со важност од 12 месеци.

    Моменталниот времен пасош за рок од 6 месеци што му го даде Катица Јанева додека беше специјална обвинителка, му истекува утре, 8 ноември.

    Камчев како и пред седум месеци, не си ги бара од судот двата регуларни пасоши македонскиот и бугарскиот кои му се земени и се чуваат во Основниот суд Скопје 1, туку бара нов, привремен. Кога осомничен за кој се води истрага бара времена патна исправа, по Законот за патни исправи, одлучува обвинителот што ја води истрагата.

    Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова продолжи да ја води „Империја“, но таа е сведок во „Рекет“, кој тргна од пријавата токму на Орце Камчев за незаконски дејствија од Јанева токму за истрагата „Империја“. Сега и „Империја“ и „Рекет“ се во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Шефицата на организиран криминал Вилма Русковска, пак, покрена обвинение за „Рекет“. Таму нејзин главен сведок е Камчев.

    Судот веќе го препратил барањето на Камчев до ОЈО за организиран криминал и корупција. Но, поради сложеноста на предметот „Империја“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од Републичкото обвинителство, барањето ќе се реферира и најверојатно ќе се одлучи за него кај нив.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари