ОСОМНИЧЕНИОТ МИЛОШОСКИ БАРА ДА СЕ РАСПРСКААТ ОБВИНИТЕЛИТЕ ОД СЈО ВО ДРУГИ ОБВИНИТЕЛСТВА И ДА СЕ ТРГНАТ ОД ИСТРАГИТЕ

    ОСОМНИЧЕНИОТ МИЛОШОСКИ БАРА ДА СЕ РАСПРСКААТ ОБВИНИТЕЛИТЕ ОД СЈО ВО ДРУГИ ОБВИНИТЕЛСТВА И ДА СЕ ТРГНАТ ОД ИСТРАГИТЕМилошоски, како и сите досега што ја застапувале ВМРО-ДПМНЕ во преговорите, воопшто не одговара на изјавите од Дескоска, која во детали објаснува какви нереални барања во недоглед поставува ВМРО-ДПМНЕ за да не продолжат никогаш истрагите против него и сопартијци-високи поранешни функционери и повторно денеска излезе со споредни елементи од разговорите и со формалности од разговорите (Фото: СДК.МК)

    Се радикализираат барањата на ВМРО-ДПМНЕ за статусот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и истрагите за висока корупција што стојат со месеци под мраз, откако Предлог-законот за обвинителството влезе во Собранието. Разговорите во име на ВМРО-ДПМНЕ ги води Антонијо Милошоски, осомничен токму од СЈО во истрагата „Моќник“. Милошоски, со партиската придружба на преговорите за Законот, барал да се централизира Обвинителството за висока корупција кај што ќе биде сегашното СЈО, под Јавниот обвинител на Република Северна Македонија. Со други зборови, ако „падне“ државниот обвинител, да падне целото Обвинителство за висока корупција кое со тие од СЈО ќе брои 27 обвинители.

    „Разговаравме претежно за точките кои се разликуваат во нивниот Предлог-закон од Предлог-законот кој е доставен од Владата во Собранието. За жал, одредени решенија кои многу лесно го карактеризираат нивниот закон како ретрограден и сталинистички, беа позиции на кои тие останаа во текот на денешните разговори, рече по средбата министерката за правда Рената Дескоска.

    „Тоа е нешто што сметаме дека не е добар концепт, дека носи силна централизација и која ќе значи на некој начин парализирање на целиот систем кога ќе престане мандатот на државниот обвинител“, кажа Дескоска.

    ВМРО-ДПМНЕ и Министерството за правда клучни разлики имаат и за прашањето за идниот статус на СЈО, на обвинителите, на вработените и на предметите.

    „Според барањето на ВМРО-ДПМНЕ, треба да дојде до целосно демонтирање на структурата на СЈО, но и за жал на Обвинителството за организиран криминал. Барањето беше дека треба неизвесна да биде судбината на сите лица кои се вработени во СЈО и во Обвинителството за организиран криминал, и со нивното спојување да не се знае тие лица каде ќе одат. Понатаму, тие да се распределуваат, што ќе се одрази негативно врз континуитетот на процесите, бидејќи процесот на екипирање оди бавно и тоа ќе доведе и до застареност на одредени случаи, рече Дескоска, која заклучи дека нема напредок во преговорите.

    За статусот на предметите што се водат од СЈО во моментов, Дескоска рече дека од опозицијата инсистираат да нема одредба во законот која ќе даде надлежност на новото обвинителство да ги гони предметите од прислушуваните материјали.

    Милошоски, како и сите досега што ја застапувале ВМРО-ДПМНЕ во преговорите, воопшто не одговара на овие изјави од Дескоска, а не ги ни спомнува истрагите во кои и тој е осомничен за две сериозни кривични дела, за кои е пропишана затворска казна, па повторно излезе со споредни елементи од разговорите и со формалности:

    Не се согласуваат обвинителката Јанева и другите обвинители, како и сите вработени во СЈО по сила на закон да преминат во Обвинителството за борба против организиран криминал, бидејќи се сомневаат дека некои од нив можеби имаат улога во ‘Рекет’“, рече Милошоски и продолжи:

    Нашиот предлог, изборот на човекот што ќе го води Обвинителството за борба против организиран криминал и висока корупција да биде избор што освен Советот на јавни обвинители, ќе ја вклучува и Комисијата за избор и именување во Собранието и ќе ја вклучува и опозицијата во предлагањето на соодветни кадри при однапред услогласени критериуми заеднички со власта и исполнување на стаж и други квалификации што треба да ги поседува еден јавен обвинител. Нам не ни пречи јавен оглас за избор на обвинител“, рече Милошоски.

    Неуспешната средба заврши, впечатокот дека Милошоски бил на различна средба со Дескоска, која патем никогаш не ја демантира, остана.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира