ОСУДЕНА ШВЕРЦЕРКА НА КОКАИН ГИ ЛЕКУВА ЗАТВОРЕНИЧКИТЕ ВО ИДРИЗОВО

a:3:{s:16:"td_post_template";s:23:"single_template_british";s:11:"td_subtitle";s:662:"НародниотправобранителовакршењеназаконитеипротоколитевоИдризовогооткрилипроцесуиралподобиенианонимнипретставкиназатвореничкиодженскиотодделвоИдризово,коисепожалиледекаместолекарката,медицинскатасестраилидругислужбенилицавоустановата,седативитеидругиапчињаимгидавалаосуденичкатазашверцнаголемаколичинакокаин";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

ОСУДЕНА ШВЕРЦЕРКА НА КОКАИН ГИ ЛЕКУВА ЗАТВОРЕНИЧКИТЕ ВО ИДРИЗОВО

Осудена шверцерка на голема количина кокаин, која е на отслужување на повеќегодишната затворска казна, им прави коктели од седативи и други видови апчиња, а потоа им ја дели медицинската терапија на осуденичките во затворот Идризово. Осуденичката ова го правела повеќе од една година, по претходна усна наредба од затворската полиција. Кога таа, која е во улога на медицинска сестра, не била во можност да ја дели терапијата, неа ја заменувала друга осуденичка, осудена за убиство.

Народниот правобранител ова кршење на законите и протоколите во Идризово го открил и процесуирал, по добиени анонимни претставки на затворенички од женскиот оддел во Идризово. Тие се пожалиле дека место лекарката, медицинската сестра или други службени лица во установата, апчињата им ги давала осуденичката.

“При посетата на женскиот оддел во Идризово, осуденичките нѐ информираа дека многу често таблетите кои им се делат се дробени во прав, со толчник, дека им се даваат како коктел и оти немаат увид, не знаат каква терапија им делат осуденичките. Особено сериозен проблем рекоа дека е кога тие две осуденички вршат замена на лекарствата, без никаква консултација со домскиот лекар. Осуденичките го информираа Омбудсманот и дека истата таа осуденичка за неовластено производство и пуштање во промет на наркотички средства, во случаи на полесни повреди им прави нестручни преврски“,  вели Васка Бајрамовска- Мустафа, Заменик Народен правобранител.

По ова, Народниот правобранител веднаш ја известил Управата за извршување на санкциите, од која побарал да изврши контрола на тврдењата на затвореничките, а Управата ургентно постапила. Според Записникот од вонредниот стручен надзор на Управата, таа во целост ги потврдила наводите на осуденичките за незадоволството од здравствената служба на затворот.

“Народниот правобранител на деветти овој месец му укажа на директорот на Затворот Идризово Живко Пејковски дека на ваков начин им се загрозува здравјето на осуденичките, а постои опасност и по нивниот живот, и се постапува спротивно и на Упатството за пристап до лекар на осудени лица во установата, дистрибуција на медикаменти и лекарски преглед вон установата“, вели Заменикот Народен правобранител Бајрамовска -Мустафа (Фото: СДК.МК)

“Народниот правобранител на деветти овој месец му укажа на директорот на Затворот Идризово Живко Пејковски дека на ваков начин им се загрозува здравјето на осуденичките, а постои опасност и по нивниот живот, и се постапува спротивно и на Упатството за пристап до лекар на осудени лица во установата, дистрибуција на медикаменти и лекарски преглед вон установата“, вели Заменикот Народен правобранител Бајрамовска -Мустафа (Фото: СДК.МК)

Народниот правобранител не го открива идентитетот на осуденичката која ја дели терапијата во женскиот оддел во Идризово, но директорката на Управата Лидија Гавриловска не негира дека тоа е осуденичката за шверц на кокаин.

Во Записникот од контролата извршена на 20 јули годинава, Управата наведува дека секојдневно, наутро и навечер, пропишаните лекови од затворската лекарка се делат на жените затворенички од осудено лице – жена, во присуство на службените лица.

“Потврдени се сознанијата за несоодветна поделба на лековите за орална употреба, поточно дека лековите се толчат со железен тег на лист хартија од страна на осуденичка која ја дели терапијата, што беше потврдено во разговор со неа. Исто така во надзорот се добиени сознанија за давање медицинска помош во вид на преврски и други случаи на полесни повреди од страна на осуденичката која ја дели терапијата“, констатира Управата за извршување на санкциите.

Народниот правобранител дал рок од десет дена да се надмине оваа состојба, која се крши со упатствата за пристап до лекар во затворските институции, за преглед, давање медицинска терапија и медицинска (прва) помош и преврска на осудените лица, кои налагаат тие да се вршат само од лекарот и од здравствените работници во установата, во присуство на припадник од секторот за обезбедување.

Но, во одговорот од Управата, нема рок кога ќе се исправи состојбата, вели Бајрамовска – Мустафа.

Според член 7 од Упатството за пристап до лекар на осудените лица во установата, во вонредни услови, дневната терапија може да биде доставена од припадник на секторот за обезбедување, ако претходно е подготвена од здравствениот персонал, во посебни кеси со име, презиме и матичен број на осуденото лице.

Лекови што се опасни ако се употребуваат во прекумерна доза (психофармакотерапија, седативи, неуролептици, хипнотици и други лекови), се чуваат во затворена аптека и секој ден, секоја доза се дава поединечно на осуденото лица, од медицинско лице, а не од осуденичка или од кое било друго лице во затворот, потсетува Омбудсманот.

Од Управата за извршување на санкции не одговорија на прашањата на САКАМДАКАЖАМ.МК пратени по е-пошта за тоа кој ѝ даде овластување на осуденичка да дава лекарства, зошто е избрана токму шверцерката на кокаин, како и дали раководството на затворот ќе сноси одговорност за ова (Фото: Ѓ. Личовски за СДК.МК)

Од Управата за извршување на санкции не одговорија на прашањата на САКАМДАКАЖАМ.МК пратени по е-пошта за тоа кој ѝ даде овластување на осуденичка да дава лекарства, зошто е избрана токму шверцерката на кокаин, како и дали раководството на затворот ќе сноси одговорност за ова (Фото: Ѓ. Личовски за СДК.МК)

Омбудсманот во официјалниот допис до директорот на затворот препорачува итно да почне постапка за дополнително ангажирање на медицински персонал, за да има редовен пристап до лекар на сите осуденички. Бара најмалку еднаш неделно нив да ги посетува лекар, да се преземат мерки за законска поделба на терапијата од стручно медицинско лице, по претходен рецепт и упатство од лекарот и да се престане со досегашната пракса терапијата да се дели од осудени лица.

Рокот од десет дена е истечен, Омбудманот го чека одговорот од директорот Пејковски дали се спроведени препораките.

Народниот правобранител го цитира Третиот општ извештај на Европскиот комитет за спречување на мачење и нечовечко или понижувачко постапување или казнување:“Треба да им се дозволи и на затворениците да работат како болничари, но сепак, тоа треба да биде крајно средство, при што осудените лица не смеат никогаш да бидат инволвирани во дистрибуција на лекарства“.

Европскиот комитет уште во 2014 година, вели Бајрамовска – Мустафа, при посетата на Македонија забележа дека “загрижува што во повеќе од посетените установи дистрибуцијата на лекови на затворениците (вклучувајќи и супституциона терапија), се врши од страна на затворските службеници, особено што се врши надвор од работното време на здравствениот персонал“.

Од Управата за извршување на санкции не одговорија на прашањата на САКАМДАКАЖАМ.МК пратени по е-пошта за тоа кој ѝ даде овластување на осуденичка да дава лекарства, зошто е избрана токму шверцерката на кокаин, како и дали раководството на затворот ќе сноси одговорност за ова.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира