ОСУДЕНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА НОВО СЕЛО ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА

    ОСУДЕНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА НОВО СЕЛО ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКАПисмената изјава на градоначалникот на Ново Село Стојчев, поднесена до Советот на Општината Ново Село. (Фото: МИА)

    Градоначалникот на општина Ново Село Боро Стојчев, осуден на шест месеци затвор, поднесе неотповиклива оставка од функцијата поради морални причини.

    Писмената изјава, напишана своерачно, Стојчев ја поднел до Советот на Oпштина Ново Село.

    „Започната е постапка за бришење од партиската евиденција на СДСМ и исклучување од партијата. Го повикуваме Боро Стојчев да си даде неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Ново Село. За нас, законите се закони и треба да бидат почитувани и од членството и од функционерите од било која политичка партија“, изјави вчера пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов.

    Струмичкото јавно обвинителство, исто така вчера, побара градоначалникот Боро Стојчев да се упати на издржување на казна затвор од две години за кривично дело за кое бил осуден во 2015 година, бидејќи ја прекршил условната осуда.

    Барањето на струмичкото Обвинителство е доставено до Струмичкиот суд кој идната недела треба да одлучи судскиот кривичен совет.

    Боро Стојчев на 10 јули годинава беше фатен во обид за шверц на цигари. Основниот суд во Струмица му изрече казна затвор во траење од 18 месеци, По жалбата на одбраната на Стојчев, Апелацискиот суд во Штип ја намали казната на шест месеци затвор.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира