ОТКАЖАНА ЦЕНТРАЛНАТА ПРОСЛАВА ЗА ЈУБИЛЕЈОТ НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР, ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНИОТ БРОЈ СЛУЧАИ НА КОВИД-19

    ОТКАЖАНА ЦЕНТРАЛНАТА ПРОСЛАВА ЗА ЈУБИЛЕЈОТ НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР, ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНИОТ БРОЈ СЛУЧАИ НА КОВИД-19Останува настанат во хотелот „Александар Палас“ со 200 гости во сала што собира 1.500. (Фото:СДК.МК)

    Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска кажа дека нема да се одржи концертот за прославата на 20 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

    „Согласно програмата за одбележување на Охридскиот рамковен договор предвиден огромен концерт на плоштадот Македонија во Скопје, вечерта на 13 август, кој што решивме ние како Министерство да го одложиме, да не го одржиме, согласно новите состојбите со инфекциите од коронавирусот и затоа покажуваме дека сме доблесни и дека разбираме и ги откажуваме сите можни манифестации каде има ризик од зараза, изјави Груби во Тетово, каде на Универзитетот на Југоисточна Европа се одржа панел-дискусија по повод 20 годишнината од Охридскиот договор.

    Но, ќе се одржи прослава во хотел со 200 поканети гости, во сала што собира 1.500.

    „Сите настани, како што е впрочем и денешниов, се организирани согласно протоколите за ковид-19. И централниот настан во хотелот Александар Палас на 13 август ќе биде во сала која собира 1.500 луѓе а ќе присуствуваат не повеќе од 200 луѓе кои ќе носат маски, ќе бидат со оддалеченост над метар ипол еден од друг, ќе се мери температура пред влезот. Затоа не ја разбирам оваа масовна хистерија по социјални мрежи. Се надевам дека не се однесува на Охридскиот рамковен договор и на неговата имплементација туку е навистина е загриженост на сите тие околу здравствените протоколи, кажа Груби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира