ОТВОРЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ ЛИНИИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ВЛАДИНИТЕ МЕРКИ ЗА КОВИД-19

    ОТВОРЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ ЛИНИИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ВЛАДИНИТЕ МЕРКИ ЗА КОВИД-19За поефикасно дејствување и одговор на прекршувањата, инспекторатите отворија и нови електронски адреси.(Фото: СДК.МК)

    Владата отвори бесплатни телефонски линии за пријавување на непочитување на мерките и препораките против понатамошно ширење на КОВИД-19. За поефикасно дејствување и одговор на прекршувањата, инспекторатите отворија и нови електронски адреси.

    „Инспекциските служби со сите свои капацитети продолжуваат интензивно да работат на терен. Без исклучок секој кој нема да се придржува до мерките на Владата ќе биде санкциониран. Овие мерки се донесени во интерес на здравјето на граѓаните и на јавното здравје и мора да се почитуваат. Повикуваме на одговорност од секое правно лице, од секоја индивидуа во нашето општество“, велат од Владата.

    Неправилностите и поплаките може да се пријавуваат на следните мејлови и броеви:

    • Државен инспекторат за труд-151 31, [email protected]
    • Државен пазарен инспекторат-191, [email protected]
    • Државен санитарен и здравствен инспекторат- 0800 255 55, [email protected]
    • Агенција за храна и ветеринарство- 0800 3 2222, [email protected]
    • Државен инспекторат за транспорт- [email protected]
    • Агенција за лекови и медицински средства- [email protected]

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира