ОВА НЕ БЕШЕ БИТКА ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, КАЖА МИЦКОСКИ И ПРОГЛАСИ ПОБЕДА НА ТИЕ ШТО НЕ ГЛАСАЛЕ

    ОВА НЕ БЕШЕ БИТКА ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, КАЖА МИЦКОСКИ И ПРОГЛАСИ ПОБЕДА НА ТИЕ ШТО НЕ ГЛАСАЛЕХристијан Мицкоски на денешната прес-конференција во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа дека денеска на референдумот победиле граѓаните кои апстинирале од гласање и со тоа, како што кажа опозиционерот, Заев и неговата влада се делегитимирани. За изјавата на премиерот Зоран Заев дека ќе распише предвремени избори ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани кои гласале на референдумот, Мицкоски рече дека референдумот не бил битка за предвремени избори.

    „Ова не беше битка за предвремени избори, ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува битката за подобар живот на граѓаните. Зоран Заев не треба да се подготвува за предвремени избори, туку за политичка пензија“, кажа Мицкоски на прес-конференцијата во партиското седиште.

    Тој рече дека 1.200.000 граѓани апстинирале и со тоа се изјасниле против договорот на Заев и Ципрас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира