ПАК ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО НА САВЕСКИ И КУНОВСКИ ОД ЛЕВИЦА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПАК ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО НА САВЕСКИ И КУНОВСКИ ОД ЛЕВИЦА

    Судскиот процес против членовите на Левица Здравко Савески и Владимир Куновски денеска повторно беше одложено. Обвинителката, поради семејни причини, не се појави на рочиштето.
    Куновски и Савески се обвинети дека на 13 април како дел од толпа учествувале во демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот на РМ, кое се случи по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување од кривично гонење на 56 лица. “Поминаа речиси шест месеци од нашето приведување. Од околу 10 одржани рочишта, само на две се работеше. И по шест месеци, судскиот процес е на самиот почеток. Очигледно, бидејќи не можат да докажат дека сме виновни, сакаат да спроведуваат казнување без докажана вина. Сакаат да не скршат со одолговлекување на судската постапка до бескрај па ние да се умориме од малтретирањето, па да признаеме вина за конечно да ни заврши маката. Колку сакаат нека одложуваат рочишта, еднаш судењето ќе мора да заврши“, напиша Савески на својот профил на Фејсбук.
    Минатиот пат, судијката Весна Петровска-Тагасовска рече дека го одлага рочиштето оти судот очекува податоци од МВР за прекршочните постапки кои се водат за истото дело. За ова дело има уште 11 прекршочни постапки против лица за кои треба да се утврди дали учествувале во предизвикувањето на штетата на Народната канцеларија. Јавното правобранителство штетата ја процени на 522 илјади денари.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира