ПАНЧЕВСКИ САКА ДА ГИ ДОЗНАЕ СВЕДОЦИТЕ НА ЈАНЕВА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПАНЧЕВСКИ САКА ДА ГИ ДОЗНАЕ СВЕДОЦИТЕ НА ЈАНЕВА

    Претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски се обидува да дознае кои се осомничените, кои се сведоците и со какви докази во досегашната предистражна постапка располага Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во истрагата за масовното прислушување во Македонија, тврдат за САКАМДАКАЖАМ.МК добро упатени извори во Судот.

    Панчевски се обидува да дојде до овие информации на тој начин што тој и судиите блиски до него по втор пат одбиваат да дадат судски налог за претрес на опремата во просториите на еден од телекомуникациските оператори. Тој бара од Специјалното јавно обвинителство да му ја приложи наредбата за спроведување истражна постапка.

    Специјалното јавно обвинителство при објавувањето на истрагата „Таргет“ не ги објави имињата на десет осомничени од Управата за безбедност и контраразузнавање кои се под истрага за незаконско прислушување на 5.827 телефонски броеви. СЈО не побара никакви мерки на претпазливост против овие лица, па затоа и Судот не знае за кого станува збор и каква е нивната поврзаност со досегашните осомничени и обвинети против кои веќе се водат постапки на СЈО.

    СЈО втор пат побара да му се дозволи претрес на уредите во телекомуникацискиот оператор што не соработува во истрагата за прислушувањето, за да утврди кои телефонски броеви биле прислушувани и дали податоците од прислушувањето биле бришени.

    Судот два пати го одбива барањето.

    Првиот пат не беше дадена судска наредба со образложение дека СЈО не дало точни податоци за адресата на операторот и не прецизирало точно одредено место или опис каде ќе се изврши претресот, како и опис на видот и карактерот на компјутерите.

    Во второто одбивање за издавање судска наредба, Кривичниот совет му одговорил на СЈО дека серверите за кои им била дадена точната локација можат да бидат пренесени и на други места, но и дека „не е јасна целта на претресувањето што ја бара СЈО и што се очекува да се најде во претресот“.

    СУДОТ ИЗМИСЛИ НОВ ИЗГОВОР ЗА ДА НЕ МУ ДАДЕ НА СЈО ДА ВЛЕЗЕ КАЈ ОПЕРАТОРОТ

    Членови на Кривичниот совет се претседателот Владимир Панчевски и судијките Дијана Груевска Илиевска и Љубинка Башевска.

    Истото образложение го искористила и судијката Елена Јосифовиќ. Таа одбивајќи да донесе наредба за одземање на компјутери од просториите на УБК напишала дека е нејасно за која цел се бара одземање на компјутерите. Судијката Јосифовиќ побарала точен сериски број на компјутерите и имиња и презимиња на лицата кои работат на тие компјутери, како и точна локација во која се сместени компјутерите во УБК. И таа од СЈО побарала да и се достави наредбата за спроведување истрага за да може да ја види поврзаноста со дејствијата за кои се сомничат вработените во УБК на кои и таа не им ги знае имињата.

    Специјалното јавно обвинителство во петокот попладне со соопштение до јавноста се пожали дека опструкциите во Кривичниот суд доаѓаат секогаш од истата група судии.

    „Напомнуваме дека согласно член 41 од Законот за кривична постапка заради остварување на функцијата на кривично гонење јавниот обвинител е оној кој раководи со предистражната постапка, а согласно член 291 од истиот закон, истражната постапка ја спроведува исто така јавниот обвинител. Имајќи го предвид наведено, како и фактот дека од страна на судии во истиот суд веќе се издавани наредби за одземање на предмети и пребарување во компјутерски системи по однос на истиот предмет на истражување, нејасно е зошто речиси без исклучок се одбиваат барањата кои ова Јавно обвинителство ги упатува, а по кои постапуваат споменатите судии“.

    Во февруари оваа година, истиот Суд, ама по налог на друг судија му овозможил на тимот истражители и обвинители на Катица Јанева да влезе во просториите на УБК, при што биле одземени неколку компјутери, кои по вештачењето што го наредило СЈО биле вратени во тајната полиција, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Судијката на претходна постапка Елена Јосифовиќ е во фамилијарна врска со човек од доверба на бизнисмен кој се појавува како сведок во предистражна постапка на СЈО.

    Во Кривичниот совет покрај претседателот Владимир Панчевски се и судијките Љубинка Башевска и Дијана Груевска.

    Судијката Башевска го одложи случајот „Пуч“ против Зоран Заев и Зоран Верушевски на неопределено време и не го пронајде сведокот на СЈО Никола Груевски за кој Катица Јанева инсистираше да биде повикан.

    Судијката Дијана Груевска го води предметот „Поткуп“ против Зоран Заев. Таа го осуди и новинарот Томислав Кежаровски на 4,5 години затвор, по што, поради протестите на новинарските здруженија и организациите за човекови права, се жалеше во Судскиот совет дека новинарите му вршат притисок на судот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира