ПАНЧО МИНОВ ЈА НАПУШТА ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ ОТИ Е РАЗРЕШЕН ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИТКО ЈАНЧЕВ

    ПАНЧО МИНОВ ЈА НАПУШТА ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ ОТИ Е РАЗРЕШЕН ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИТКО ЈАНЧЕВ„Го прекинувам членството во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ додека претседател е Христијан Мицкоски, поради недемократскиот начин на сменување на неистомисленици“, рече пратеникот на ГРОМ Панчо Минов (Фото: СДК.МК)

    Пратеникот на ГРОМ Панче Минов, која е дел од опозиционата коалиција „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, вечерва изјави дека излегува од членување во таа пратеничката група додека претседател е Христијан Мицкоски, поради недемократскиот начин на сменување на неистомисленици, откако потпретседателот Митко Јанчев вечерва е разрешен од партиската функција.

    „Го прекинувам членството во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ додека претседател е Христијан Мицкоски, поради недемократскиот начин на сменување на неистомисленици. Не се мешам во внатрепартиските работи, но повод е разрешувањето на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кој е успешен градоначалник и со кого заедно ги добивме изборите во Кавадарци. Останувам опозиција и останувам член на ГРОМ“, изјави Минов вечерва за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и Костадин Богданов, член на Извршниот комитет на партијата, вечерва се разрешени од функциите. Обајцата се разрешени на состанокот на Централниот комитет на партијата, два дена откако раководството одлучи да исклучи од членство седум пратеници кои гласаа „за“ и дадоа подршка за почеток на уставните измени.

    Исклучен од партијата е Петар Богојевски од Крушево, кој претходно беше разрешен од заменик-генерален секретар.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира