ПАРЛАМЕНТАРНОТО МНОЗИНСТВО ПРЕДВОДЕНО ОД СДСМ ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО

    ПАРЛАМЕНТАРНОТО МНОЗИНСТВО ПРЕДВОДЕНО ОД СДСМ ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТОПратеникот Петре Шилегов побара од претседавачот Трајко Вељаноски да го прекине реплицирањето на сопартијците од ВМРО-ДПМНЕ меѓу себе. (Фото: СДК.МК)

    Парламентарното мнозинство, предводено од СДСМ, поднесе предлог од најмалку 20 пратеници за избор на Талат Џафери од ДУИ за претседател на Собранието.

    „Мнозинството од 67 пратеници има одговорност да ја прекине злоупотребата на Деловникот на Собранието од страна на ВМРО ДПМНЕ со реплицирање сами на себе”, рече пратеникот на СДСМ Петре Шилегов на паузата на денешната седница на која за дискусија и реплики меѓу себе се јавија сите присутни пратеници од ВМРО ДПМНЕ.

    Шилегов смета дека претседавачот Трајко Вељаноски треба да го прекине реплицирањето на сопартијците меѓу себе и да се премине на гласање на кандидатот за собраниски спикер што го предложиле денеска тие 20 пратеници, а тоа е Талат Џафери од ДУИ.

    Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој присуствуваше на пресот на Шилегов, рече дека е легитимен предлогот на 20-темина пратеници предводени од СДСМ, но дека додека не се исцрпи третата точка со гoворниците и репликите, не може да се премине на нова постапка и на нова точка по предлогот на 20-темина праtеници за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието.

    На новинарските констатации дека третата точка за избор на Комисијата за избор и именување со волку пријавени дискутанти и реплики би можела да трае со месеци, Димовски објасни дека низ дискусија во Парламентот мора да се одговорат прашањата за унитарноста на Македонија, за јазикот и за платформата од Тирана.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира