ПАРТНЕР ЗА ПРЕГОВОРИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ НА КОВАЧЕВСКИ ЌЕ МУ БИДАТ САМО ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ

    ПАРТНЕР ЗА ПРЕГОВОРИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ НА КОВАЧЕВСКИ ЌЕ МУ БИДАТ САМО ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕВо СДСМ велат дека се чека на Мицкоски да ја тргне забраната ВМРО-ДПМНЕ да делегира експерти за уставни измени во работната група, кои би ги предложиле неговите ставови како официјални и на маса. - Од гласањето за промена на Уставот во 2019 година (Фото:СДК.МК)

    Откако лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски одби да дуплира лидерски средби со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, за чии ставови околу уставните измени рече дека ги слушнал веќе на лидерската во декември лани, остануваат пратениците од опозицијата како единствен партнер за дискусии и преговори.

    Мицкоски не е пратеник.

    Во СДСМ велат дека се чека на Мицкоски да ја тргне забраната ВМРО-ДПМНЕ да делегира експерти за уставни измени во работната група.

    „Нека дојдат експертите од ВМРО-ДПМНЕ и нека ги кажат сите предлози на Мицкоски околу внесувањето во Преамбулата на Бугарите, Црногорците, Хрватите. Нормално дека сите ставови ќе се дискутираат за да се дојде до најдоброто решение“, сметаат соговорниците.

    Вчера Ковачевски рече дека дебатата за уставните измени треба да е институционална, а не по медиуми, а особено не на пуштање во употреба на цевки за канализација.

    „Во однос на тоа да се води дебата за уставните измени – таа дебата е структурирана, повторувам уште еднаш. За уставни измени, дебата не се води на телевизија, не се води кога се пуштаат канализациски цевки во одредени општини, туку експертска работна група работи на тоа. Врз основа на уставно право и она што е пропишано – се дефинираат амандмани за јавна расправа. Потоа процесот се сели на јавна расправа во општеството и влегува во собраниска процедура, каде што јас верувам дека имаме демократски, визионерски и стратешки капацитет како држава да ги спроведеме одлуките и да ги отвориме кластерите“, рече Ковачевски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира